0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

АВМУ го осуди однесувањето на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ се заканил на новинарката на агенцијата „Макфакс“, Мери Јордановска, поради нејзините јавни критики за емисијата „Македонски инсајдер“.

Скопје, 19 февруари 2019 (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ се заканил на новинарката на агенцијата „Макфакс“, Мери Јордановска, поради нејзините јавни критики за емисијата „Македонски инсајдер“.

– Секој вид притисок или закана од страна на лица на менаџерски позиции или блиски до нив врз новинари претставува загрозување и кршење на слободата на изразување и информирање. Ваквите појави негативно се одразуваат на слободата и независноста на медиумите, водат кон појава на автоцензура и придонесуваат за уназадување на демократскиот развој на општеството, наведуваат од Агенцијата.

Оттаму напоменуваат дека согласно Законот за медиуми, новинарот има право на изнесување свое мислење и став во согласност со професионалните правила на новинарската професија, а од друга страна Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им наложува на радиодифузерите при вршење на дејноста да ги почитуваат самостојноста, независноста и одговорноста на уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика. бак/са/

Back to top button
Close