0_Магазин.ПорталЗанимливости

Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист

Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист, излегов победник, напиша солунскиот градоначалник на неговиот официјален Твитер профил, споделувајќи го неговото искуство и борбата за одвикнување од алкохолот, јави дописничката на МИА.

Атина, 21 февруари 2019 (МИА) – Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист, излегов победник, напиша солунскиот градоначалник на неговиот официјален Твитер профил, споделувајќи го неговото искуство и борбата за одвикнување од алкохолот, јави дописничката на МИА.

Бутарис вели дека денеска е неговиот втор роденден, а како што и самиот напиша, победата ја прослави во Центарот да одвикнување и рехабилитација во Солун. – Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист! За мене, денеска е втор роденден. Животната борба што ја почнав во 1991 година може веќе да е лесна, но тогаш и за многу години подоцна беше титанска. Излегов победник, истакна солунскиот градоначалник.

Бутарис на Твитер сподели и фотографии од Центарот за одвикнување од зависности, меѓу кои и една со тортата на која стои бројот 28. Паралелно упати и порака.

– Да запаметите дека алкохолот или било која друга супстанца може во моментот на употребата да ги „удави“ проблемите, но на крај ќе го „удави“ самиот корисник и неговите блиски луѓе. Спротивставете се и кажете му „да“ на животот, порача Бутарис. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close