0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидеоХроникаХроника.Портал

Ангеловски: МВР врши увид, возачот е хоспитализиран

Околу 16:45 часот  на автопатот Скопје-Тетовоо  автобус  на „Дурмо транс“ кој се движел кон Тетово излетал од патот преку другата коловозна лента и се превртел. За жал имаме бројка од 13 починати луѓе и 30 повредени. Увидот е во тек, јавен обвинител е на лице место, екипи на МВР, изјави вечерва портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, кој додаде дека на местото на несреќата претходно бил и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 

Скопје, 13 февруари 2019 (МИА) – Околу 16:45 часот  на автопатот Скопје-Тетовоо  автобус  на „Дурмо транс“ кој се движел кон Тетово излетал од патот преку другата коловозна лента и се превртел. За жал имаме бројка од 13 починати луѓе и 30 повредени. Увидот е во тек, јавен обвинител е на лице место, екипи на МВР, изјави вечерва портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, кој додаде дека на местото на несреќата претходно бил и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Истакна дека подетални информации за сообраќајната несреќа ќе бидат соопштени подоцна.

-Со возачот е разговарано и тој е моментално во болница  и нели од тоа што е разговарано со него ќе помогне на утврдување на причините на несреќата, додаде тој.

Во моментот кога се превртел авобусот немало друго возило, рече Ангеловски. см/ац/

Изјава на Ангеловски за сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово

Posted by MИА.mk on Среда, 13 февруари 2019

 

Back to top button
Close