0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

Албанскиот Парламент го ратификува пристапниот Протокол за членство на Северна Македонија во НАТО

Пленарната седница на Собранието на Република Албанија почна со едноминутен молк во знак на жртвите од сообраќајната несреќа кај Ласкарци.

Тирана, 14 февруари 2019 (МИА) – Албанскиот Парламент со 130 гласа „за“ го ратификува пристапниот Протокол за членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Пленарната седница на Собранието на Република Албанија почна со едноминутен молк во знак на жртвите од сообраќајната несреќа кај Ласкарци.

На седницата присуствува и претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, и амбасадорот Данчо Марковски.

Спикерот Грамоз Ручи изрази задоволство што албанскиот Парламент е меѓу првите парламенти што го ратификува овој протокол и дека Северна Македонија поминала низ многу предизвици до овој момент.

-Ова пристапување се оствари благодарејќи на Преспанскиот договор меѓу двете наши соседски земји, Северна Македонија и Грција. Ова не би било можно без политичката волја и храброст и еманципација на Албанците на Северна Македонија. Ми претставува задоволство што Собранието на Република Албанија е од првите парламенти што го ратификуваат овој протокол кој ќе овозможи пристап на Северна Македонија во НАТО. Овој голем чекор беше овозможен преку Преспанскиот договор. Парламентите на двете земји покажаа голема политичка одговорност, разбирајќи дека недоразбрањето го чуваше во заложништво пријателството меѓу двете земји, како и евроатланскот пат на Северна Македонија,- рече меѓу другото Ручи. вт/фф/

 

Back to top button
Close