0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

Албанската парламентарна комисија за надворешна политика го поддржа Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Комисијата за надворешна политика на албанскиот Парламент денеска едногласно го поддржа Протоколот за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса.

Тирана,12 февруари 2019 (МИА) – Комисијата за надворешна политика на албанскиот Парламент денеска едногласно го поддржа Протоколот за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса.

„Во широка консензуална атмосфера, членовите од владејачкото мнозинство и од опозицијата дадоа зелено светло за пристапот на соседна и пријателска Република Северна Македонија во НАТО“, наведуваат албанските медиуми.

Вчера и законодавната парламентарна комисија на албанскиот Парламент едногласно го поддржа Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

По поддршката од страна на двете парламентарни комисии, в четвроток (14 февуари) на седница на албанскиот законодавен дом најавено е Протоколот да биде ратификуван, со што Албанија ќе биде меѓу првите земји кои го направиле тоа.

На седницата, според агенцијата Балкан веб, ќе присуствува и спикерот на македонскиот Парламент, Таљат Џафери. вт/сд/

Back to top button
Close