Адеми и Тозија на средби со првите луѓе на „Еуроимаж“ и „Европскиот филмски маркет“
Се зголемува интересот за македонската кинематографија, оценија министерот за култура на Асаф Адеми и директорот на Агенција за филм Горјан Тозија по средбата со водечките професионалци на „Европскиот филмски маркет“ и „Еуримаж“, која се одржа денеска во Музејот Мартин Гропиус Бау кој веќе десет години за време на одржувањето на Берлинскиот филмски фестивал е централно место на европскиот филмски маркет, јави МИА од Берлин.