Временска прогноза

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерна облачност. Во утринските и претпладневните часови по котлините со појава на магла.

Скопје, 13 јануари 2019 (МИА) – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерна облачност. Во утринските и претпладневните часови по котлините со појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус четири, а дневната од минус еден до два степена.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Во утринските и претпладневните часови со појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до еден степен.

Утре попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Back to top button
Close