Во сообраќајната незгода кај село Псача причинета е само материјална штета
Нема жртви ниту повредени во сообраќајната незгода што се случи на магистралниот пат А2, Куманово - Крива Паланка. Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Куманово, Живкица Чавдаревиќ, во незгодата е причинета само материјална штета.