БалканБалкан.Портал

Во Бугарија запленет хероин во вредност од 2,8 милиони евра

Во голема акција на бугарската полиција спроведена во реоните на градовите Хасково и Благоевград, запленети се 47 килограми хероин и 13 килограми амфетамин.

Софија, 18 јануари 2018 (МИА) – Во голема акција на бугарската полиција спроведена во реоните на градовите Хасково и Благоевград, запленети се 47 килограми хероин и 13 килограми амфетамин.

Вредноста на заплентиот хероин на нарко пазарот се проценува на околу 2,8 милиони евра.

Како што соопшти локалниот јавен обвинител на Хасково, Иван Стојанов, при акцијата се уапсени седум лица, под обвинение за шверц и пуштање во промет на наркотици.

Истрагата утврдила дека заплентиот хероин во Бугарија бил прошверцуван со камион од Турција. сп/

Таг
Back to top button
Close