0_Спорт.ПорталФудбал

Јунајтед без Де Хеа против Арсенал

Во оваа ситуација, речиси е сигурно дека Оле Гунар Солскјер ќе започне со Серхио Ромеро, кој често е стартер на натпреварите од купот. Четвртиот голман, Џоел Переира, исто така е меѓу играчите кои вчера заминаа со воз до Лондон

Лондон, 25 јануари 2019 (МИА) – Првиот голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа не е во групата на „црвените ѓаволи“ за денешното гостување кај Арсенал во шеснаесетфиналето од ФА Купот на Англија.

Во оваа ситуација, речиси е сигурно дека Оле Гунар Солскјер ќе започне со Серхио Ромеро, кој често е стартер на натпреварите од купот. Четвртиот голман, Џоел Переира, исто така е меѓу играчите кои вчера заминаа со воз до Лондон.

Привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер денес ќе бара осма последователна победа, откако го презеде тимот по разрешувањето на Жозе Мурињо.

Норвежанецот вчера објави дека поранешниот играч на Арсенал Алексис Санчез ќе учествува во денешниот меч.

Еве ја и групата на Манчестер Јунајтед:

Ромеро, Грант, Переира, Далот, Џонс, Баји, Линдельоф, Шо, Јанг, Фред, Матиќ, Ерера, Переира, Погба, Лингард, Мата, Санчез, Марсијал, Лукаку, Рашфорд.вз

Таг
Back to top button
Close