Фудбал

Солскјер за Почетино: Има причина за шпекулациите, тој се справува многу добро

Во однос на тоа дали ќе го промени својот пристап пред мечот со тимот од Лондон, Солскјер вели дека ќе напаѓа и на „Вембли“.

Манчестер, 11 јануари 2019 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги коментираше информациите кои го испраќаат Маурисио Почетино на чело на „црвените ѓаволи“. Норвешкиот стратег призна дека има причина Почетино да биде поврзуван, и тоа е само доказ за неговата добра работа во Тотенхем.

– Не е моја работа да ги проценувам менаџерите, но тој врши одлична работа. Има причина за шпекулациите и таа е поради фактот дека тој се справува многу добро, изјави Солскјер.

Тој има 5 последователни победи, откако го презеде Јунајтед, но во недела му престои најтешкиот тест, имено средба против „петлите“.

Солскјер се изрази и доста позитивно за ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.

– Тој е фантастичен голгетер – еден од најдобрите во светот на својата позиција. Но и јас имам неколку такви со кои сум многу среќен да работам. Покрај тоа, тој е топ професионалец. Кејн никогаш не пропушта шанси, па ние не треба да дозволиме да имаат такви, вели Норвежанецот.

Во однос на тоа дали ќе го промени својот пристап пред мечот со тимот од Лондон, Солскјер вели дека ќе напаѓа и на „Вембли“.

– Ќе играме против еден од најдобрите тимови во првенството и треба да сме свесни за нивните силни страни. Нашата филозофија сепак е да напаѓаме, да излегуваме во првите редови, но и двата тима дејствуваме на сличен начин. Може и да немаме толку можности за напад, па мора да сме сигурни во поседот на топката, дополни менаџерот за дуелот.

Солскјер го замени отпуштениот Жозе Мурињо, но се уште не е јасно дали ќе остане трајно, а за тоа значење ќе имаат и постигнатите резултати.вз

https://www.youtube.com/watch?v=T8Ven1Ne494

Таг
Back to top button
Close