0_Спорт.ПорталФудбал

Скандал во Чемпионшип лигата – Биелса го шпионирал Лампард

„Би-Би-Си“ објави дека Фудбалската асоцијација (ФА) започнала истрага за наводите дека забележале еден член на стручниот штаб на Лидс како сомнително се однесува пред тренинг теренот на Дерби.

Лидс, 12 јануари 2019 (МИА) – Менаџерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса призна дека ги испратил своите помошници за да го шпионираат тренингот на Дерби Каунти во пресрет на 27. коло на Чемпионшип лигата во Англија.

Во петокот, Лидс го порази тимот предводен од Френк Лампард со 2:0, со головите на Руфа во првото и Херисон во второто полувреме и се искачи на првото место на табелата.

„Би-Би-Си“ објави дека Фудбалската асоцијација (ФА) започнала истрага за наводите дека забележале еден член на стручниот штаб на Лидс како сомнително се однесува пред тренинг теренот на Дерби.

Тој бил фатен со двоглед, резервна облека и клешти, кои ги искористил за да влезе во комплексот.

– Јас сум одговорен за овој инцидент. Не се работи за тоа дали е законски или не, дали е правилно или не. Зборував со Лампард и тој ми рече да не го почитувам клубот. Јас имам свој став по прашањето, но важно е она што го мислат Лампард и Дерби. Јас не побарав дозвола од Лидс и јас сум одговорен за тоа. Јас го користам овој метод од квалификациите за Светското првенство со Аргентина. Тоа не е нелегално и јавно сме зборувале за тоа, изјави Аргентинецот.

За Биелса во 2010 година се тврдеше дека регрутирал момче од училиштето во кое оди неговата ќерка за да шпионира противнички тим, откако тој му рекол дека се разбира од фудбал, а искусниот експерт го „проверил“ неговото знаење.

Нема сомневање дека овој инцидент ќе остави голема дамка на големата сезона на Лидс, кој е на пат да се врати во Премиер Лигата за прв пат од 2004 година.

Лидс има пет поени повеќе од вториот Норич, со натпревар повеќе и седум поени пред третиот Шефилд Јунајтед.

И Дерби на Лампард се бори за пласман во ПЛ, но пред се за место во плејофот, откако во моментов го држи последното, шесто место, што носи во баражот со 43 поени, четири пред Нотингем Форест, Бирмингем и Квинс Парк Ренџерс, кои имаат меч помалку.вз

Таг
Back to top button
Close