Дописници МКДОпштински вести

Семејството од изгорената куќа во Кавадарци кај роднини

Семејството од куќата која изгоре утринава во Кавадарци е сместено кај роднини, најавена е помош и од општината и од компанијата „Кожувчанка”.

Кавадарци, 12 јуни 2019 (МИА) – Семејството од куќата која изгоре утринава во Кавадарци е сместено кај роднини, најавена е помош и од општината и од компанијата „Кожувчанка”.

– Стапив во контакт со семејството и за нив ќе биде обезбедена целосна помош од општината и од компанијата „Кожувчанка“, како финансиска, така и во механизација. Целосно ќе се расчистат остатоците после пожарот и ќе им се помогне на оштетените да добијат дом. Во меѓувреме семејството е сместено кај свои роднини, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.свд/лв/

Back to top button
Close