Фудбал

Сари: Челзи нема потреба од нов напаѓач

Напаѓачот Оливие Жиру има повреда на глуждот, но ова нема да го натера Италијанецот да бара нов офанзивен играч. Тој дури и ја негираше можноста да ги отповика Миши Батшуаи и Тами Абрахам, кои се на заем во Валенсија и Астон Вила.

Лондон, 2 јануари 2018 (МИА) – Менаџерот на Челзи, Маурисио Сари, зборуваше за проблемите со кои се соочува неговиот тим пред дуелот со Саутемптон вечерва од 20,45 часот.

Напаѓачот Оливие Жиру има повреда на глуждот, но ова нема да го натера Италијанецот да бара нов офанзивен играч. Тој дури и ја негираше можноста да ги отповика Миши Батшуаи и Тами Абрахам, кои се на заем во Валенсија и Астон Вила.

Сари е задоволен што ги има Алваро Мората и Еден Азар, за кого исто така мисли дека може да го искористи како опција на врвот на нападот. Претходно денеска стана јасно дека Челзи го привлекле Кристијан Пулишиќ, но Американецот ќе ја доигра оваа сезона во Борусија Дортмунд.

– Ги имаме Азар и Мората и тие можат да играат многу добро токму на оваа позиција. Го видовме тоа во последните натпревари. Во моментов не сметам дека имаме потреба од нов напаѓач, прокоментира италијанскиот стручњак.

Педро Родригез и Калум Хадсон-Одои исто така се со повреди и нема да играат за тимот од Лондон против Саутемптон вечерва. До последно под прашање за овој дуел останува учеството на Рубен Лофтус-Чик. Челзи одби понуда за Хадсон-Одои само пред неколку дена.

– Имаме проблем со Педро и Хадсон-Одои. Располагаме со опции за напаѓач, но немаме опции по крилата, рече уште Маурицио Сари.вз

Таг
Back to top button
Close