СветСвет.Портал

САД испраќаат десантен брод заради повлекувањето на војниците од Сирија

Во правец кон Сирија американската армија испратила десантен брод што ќе биде поддршка за групата која ја напушта Сирија, објави Волстрит џурнал повикувајќи се на неименувани американски воени претставници.

Вашингтон, 12 јануари 2109 (МИА) – Во правец кон Сирија американската армија испратила десантен брод што ќе биде поддршка за групата која ја напушта Сирија, објави Волстрит џурнал повикувајќи се на неименувани американски воени претставници.

Тој брод и војници ќе треба да обезбедат сигурно повлекување и дадат вооружена поддршка во моменти кога армијата е „најранлива“.

Станува збор за десантниот брод Кирсарџ на кој се стотици американски војници, неколку хеликоптери и авион. Претходно, неименуван извор од армијата за Фокс њуз потврди дека САД почнале со повлекување од Сирија и дека станува збор за повлекување техника, а не војници. зш/

Back to top button
Close