Фудбал

Рашфорд ќе го одбие Реал Мадрид поради Солскјер

По пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер, ситуацијата се промени и Рашфорд започна како стартер и во трите натпревари под негово раководство досега, а во нив постигна 2 гола

Манчестер, 1 јануари 2019 (МИА) – Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ќе одбие трансфер во Реал Мадрид, соопштува „Сан“.

Во ноември изданието информираше дека шпанскиот клуб има интерес кон играчот. Мадриѓаните имаат воспоставено контакт со англискиот репрезентативец и имале сериозни намери да го привлечат во текот на летото. Тој исто така бил отворен за преговори, иако не сакал да го напушти „Олд Трафорд“.

Проблем сепак бил недостатокот на доволно време на теренот кај Жозе Мурињо. По пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер, ситуацијата се промени и Рашфорд започна како стартер и во трите натпревари под негово раководство досега, а во нив постигна 2 гола.

Тоа го натерало 21-годишниот талент да не ја менува средината и да остане во Јунајтед.вз

Таг
Back to top button
Close