Фудбал

По само 6 месеци во Барса, Валверде подготвен да се раздели со Малком

Валверде разговарал со Малком и му порачал дека ако остане, нема да добива многу шанса за докажување.

Барселона, 25 јануари 2019 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде е подготвен да се раздели со Малком. Тренерот на каталонците дал согласност за продажба на фудбалерот, информира радио „Каталонија“.

Каталонците го привлекоа Малком минатото лето од Бордо за сума од 41 милиони евра, откако ги надминаа Рома во последен момент за неговиот потпис.

Валверде разговарал со Малком и му порачал дека ако остане, нема да добива многу шанса за докажување.

Сериозен интерес за фудбалерот има од голем број англиски тимови и речиси сигурно ќе му биде најден клуб во наредните две недели. Барселона ќе бара најмалку 45-50 милиони евра за неговите права.

Според информациите, Барселона и Тотенхем водат преговори за Малком, кој може да биде позајмен кај „петлите“ до крајот на сезоната, но со обврска англискиот клуб да го откупи наредното лето.

Тренерот на Гуангжу, Фабио Канаваро исто не ја крие својата желба да го земе Малком. Кинескиот клуб во наредните денови се очекува да предложи значително подобар предлог од претходниот, кој беше во вредност од 50 милиони евра.вз

Таг
Back to top button
Close