ЕвропаЕвропа.Портал

Парламентот на Украина усвои нацрт-закон за пренос на црковен имот

Украинскиот Парламент денеска усвои предлог-закон за процедура за пренос на црковен имот откако новата Украинска православна црква стекна независност.

Киев, 17 јануари 2019 (МИА) – Украинскиот Парламент денеска усвои предлог-закон за процедура за пренос на црковен имот откако новата Украинска православна црква стекна независност.

Пратениците гласаа за предлог-законот што налага процедура за пренос на црковен имот доколку некоја парохија одлучи да ѝ се придружи на новата црква.

Предлог-законот треба да го потпише претседателот на државата. Тој може да се однесува на околу 12.000 цркви во Украина и на голем црковен имот.  зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close