0_Спорт.ПорталФудбал

Пјатек: Ќе дадам сè од себе за да го вратам Милан во ЛШ

Ќе направам сè од себе за да го вратам Милан назад во Лигата на шампионите. Се надевам дека со Кутроне ќе формираме добар тандем. Не очекував дека по 13 гола ќе го привлечам интересот на тимови како Милан, но тоа е убавината на фудбалот, рече Пјатек на промоцијата

Милано, 24 јануари 2019 (МИА) – Новиот фудбалер на Милан, Кшиштоф Пјатек, денеска им беше претставен на медиумите. Тој сподели дека трансферот е остварување на сонот за него, а неговата цел е да заигра со тимот во Лигата на шампионите.

– Јас секогаш верувам во себе. Сакав да покажам нешто добро во Серија А кога стигнав во Џенова. За мене е важно да постигнувам голови, бидејќи сум напаѓач. Задоволство ми е да бидам во Милано. Кога бев мал, бев обожавател на Милан. Сонував да играм овде. Се надевам дека ќе ги покажам моите вештини во секој натпревар. Ќе направам сè од себе за да го вратам Милан назад во Лигата на шампионите. Се надевам дека со Кутроне ќе формираме добар тандем. Не очекував дека по 13 гола ќе го привлечам интересот на тимови како Милан, но тоа е убавината на фудбалот, рече Пјатек на промоцијата.

На прес-конференцијата присуствуваа и директорите на клубовите Леонардо, Паоло Малдини и Иван Газидис.

– Тој го сакаше дресот со број 9, но ние сметаме дека тоа треба да се заслужи, па решивме да му го дадеме овој со бројот 19. Зборуваме за играч кој постигна 13 гола во 19 натпревари. Тој ги има потребните карактеристики за да игра во Италија, рече Леонардо.

Тој ја прокоментира и ситуацијата со Гонзало Игуаин, кој напушти во насока Челзи.

– Ни требаат луѓе кои сакаат да учествуваат во нашиот проект. Ни требаат посветени луѓе, а оние кои не сакаат да останат со нас, се слободни да си заминат, додаде Бразилецот.вз

Таг
Back to top button
Close
Close