0_Магазин.ПорталНаука и технологија

Над 30 уреди со 5Г-поддршка се очекуваат во 2019 година

На крајот од минатата година, американските оператори „Веризон“ и „АТ енд Т“ официјално потврдија дека ќе ги продаваат паметните телефони на „Самсунг“ опремени со 5Г-модемите на „Куалком“

Лас Вегас, 8 јануари 2019 (МИА) – Креаторот на мобилни чипови „Куалком“ го загрева пазарот за уреди со поддршка на мрежи од петтата (5Г) генерација. На изложбата ЦЕС 2019 во Лас Вегас, американската компанија објави дека ги има добиено сите можни договори за производство на чипови, компатибилни со 5Г.

Во 2019 година ќе се појават повеќе од 30 модели со 5Г-поддршка. Ова ќе бидат главно паметни телефони, вели „Гизчајна“ во извештајот на оваа тема.

На крајот од минатата година, американските оператори „Веризон“ и „АТ енд Т“ официјално потврдија дека ќе ги продаваат паметните телефони на „Самсунг“ опремени со 5Г-модемите на „Куалком“.

Иако има свои 5Г-модеми, „Самсунг“ ќе користи во своите уреди за американскиот пазар чипсет „снапдрагон 855“ со 5Г-модемот „снапдрагон X50“.

Операторот „Спринт“, исто така, ќе пушти паметни телефони „самсунг“ способни да работат во 5Г-мрежи.

„Куалком“, во меѓувреме, оваа недела ќе ја покаже во Лас Вегас новата паметна платформа, базирана на вештачка интелигенција за автомобилите на иднината.вз

Таг
Back to top button
Close