На денешен ден

На денешен ден

19 јануари 2019 (МИА)

– Македонската православна црква денеска го слави Богојавление – Водици, голем христијански празник во спомен на денот кога Јован Крстител на реката Јордан го крстил Исус Христос. Додека Христос излегувал од водата небото се отворило и на него, во облик на гулаб, се спуштил Светиот дух, при што се слушнал гласот Божји: „Мои љубени, ова е Синот на мојата волја“.

1419.- Во Стогодишната војна меѓу Франција и Англија, бранителите на францускиот град Руан и се предале на војската на англискиот крал Хенри Петти, по што тој го заврши освојувањето на Нормандија.

1736.- Во Гринок, Шкотска, е роден Џејмс Ват, англиски научник и пронаоѓач, конструктор на првата ефикасна парна машина (ја патентирал во 1769 година). Заедно со Метју Балтон во 1782 година во Сан, крај Бирмингем, основа прва фабрика за парни машини во светот. Во знак на признание на овој голем научник единицата за моќ во физиката е наречена “ват”. Умрел во Витфилд на 25 август 1819 година.

1747.- Роден е германскиот астроном Јохан Елерт Боде, кој со помош на низа броеви (Бодеова низа) приближно ја востановил средната оддалеченот на првите седум планети од Сонцето. Бил директор на Британската опсерваторија.

1798.- Роден е францускиот филозоф и математичар Огист Конт, еден од основачите на филозофијата на позитивност и основач на социологијата. Дела: „Курсот на позитивната филозофија“, „Системот на позитивната политика“ и други.

1809.- Во Бостон е роден Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач. Неговата лирика се одликува со меланхоличност и тага. Автор е на бројни куси. Книги: „Гавранот и други песни“, „Авантурите на Артур Гордон Пим“,”Црна мачка”. Умрел во Балтимор, на 7 октомври 1849 година.

1813.- Роден е англискиот инженер Хенри Бесемер, кој во 1855 година ја пронашол постапката за преработка на суровото железо во челик, наречена „Бесемерова постапка“. Челичарницата која во 1859 година ја подигнал во Шефилд и денеска произведува челик.

1839.- Роден е Пол Сезан, прочуен француски сликар. Во почетокот го следел импресионистичкиот правец, но подоцна создал оригинален стил со синтеза на облици на тонови во природата. Неговото сфаќање на уметноста било револуционерно и предизвикало преобразба на сликарството во светот. Од делата најпознати му се “Сина ваза”, “Коцкари”, “Планината Сен-Виктор”, “Капачки” и други. Умрел на 22 октомври 1906 година.

1851.- Умрел Естебан Ечевериа, аргентински писател, социолог и борец против диктаторското самовладеење. Главни негови дела се „Елвира или свршеничката од Ла Плата“ и „Социјалистичка догма“. Роден бил во 1805 година.

1879.- Во ресен е роден Симеон Радев, истакнат македонски новинар и виден бугарски публицист, историчар и дипломат. Бил близок до Централниот комитет на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет на Борис Сарафов. Во Женева го издавал (на француски јазик) весникот “L’ Effort” (19001901), а по дипломирањето во Париз го редактирал весникот „Mouvement Macedonien” (Македонско движење) (19021903). Автор бил на една од првите истории на Третата бугарска држава – „Градители на современа Бугарија“. Бил бугарски дипломатски претставник во Букурешт, Берн, Хаг, Анкара, Вашингтон, Лондон и Брисел, исто така и прв бугарски претставник во Друштвото на народите во Женева. Истакнат член на Македонскиот научен институт. Симеон Радев бил член и на бугарската делегација при потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година. Другите дела: “Македонија и бугарската преродба во ХIХ век”, “Рани спомени”, “Тоа што го видов во Балканската војна”. Умрел во Софија во 1967 година.

1920.- Роден е перуанскиот дипломат Хавиер Перес де Куељар, кој во 1982 година бил избран за генеален секретар на Обединетите нации. На оваа функција бил 10 години.

1925.- Во Битола е роден Кирил Македонски, македонски композитор чие име е поврзано со настанувањето на првата македонска национална опера „Гоце“, која својата прва премиера ја доживеала во Скопје, во 1954 година. Пред операта „Гоце“ го привлекол вниманието на себе со синфониската поема „Танчарка“. На 5 ноември 1968 година на сцената на Операта при МНТ во Скопје била изведена неговата втора опера во четири чина со епилог „Цар Самуил“. Покрај камерни творби, тој пишувал музика и за радиодрами и театарски пиеси, за краткометражни филмови, како и за играниот филм „Македонска крвава свадба“. Умрел во Скопје, на 2 јуни 1984 година.

1938.- Умрел српскиот писател Бранислав Нушиќ, голем комедиограф, член на Српската кралска академија.  Дела: „Сомнително лице“, „Госпоѓа министерка“, „Народен пратеник“, „Протекции“, „Патот околу светот“, „Д-р“, „Свет“, „Мистер долар“ и многу други.

1938.- Во шпанската граѓанска војна воздухопловството на генералот Франциско Франко, подоцна диктатор на Шпанија, ги бомбардирало Барселона и Валенсија при што загинале најмалку 700 луѓе.

1941.- Во Охрид е роден Климе Савин, македонски пливачки маратонец и спортски работник. Умрел во Скопје, на 12 јануари1995 година.

1947.- Во Скопје било основано Друштвото на музичарите на Македонија.

1966.- Индира Ганди била избрана првпат за шеф на владата на Индија, осум дена по ненадејната смрт на премиерот Лал Бахадур Шастри.

1970.- Во Сараево умрел Хамза Хумо, познат босанско-херцеговски поет, раскажувач и романсиер. Покрај неколку збирки песни ги напиша и романите „Грозден кикот“ и „Зграда во урнатини“, како и драмата „Три света“. Роден бил во 1895 година.

1988.- Во Игало умрел Павле Бидев, првиот македонски шаховски мајстор. Тој ја имал издадено и првата шаховска книга во Македонија, „Шахот, симбол на космосот“. Роден бил во 1912 година.

1989.- Советскиот Сојуз соопштил дека еднострано од Европа ќе повлече дел од нуклеарните ракети со краток домет.

1994.- Во Скопје, во издание на Асоцијацијата на европските студентски структури – АЕЖЕ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, е промовиран првиот број на студентскиот магазин “Јуроп”.

1997.- Во Скопје умрел Тодор Тони Шулевски, македонски балетски играч, првенец на Балетот на МНТ. Зад себе оставил осумдесеттина улоги. Роден бил во 1932 година.

2000.- Во Скопје, во Воената болница, под раководство на кардиохирургот д-р Жан Митрев, ебилотворен првиот Центар за кардиохирургија во Република Македонија.

2006.- Умрел американскиот соло-пејач Вилсон Пикет, кој во 60-ите години на дваесеттиот век се прославил со хитовите како што се „Mustang Sally“ и „In The Midnight Hour“.

2006.- Американската агенција за вселенски истражувања НАСА ја лансирала првата своја сонда на Плутон.

2006.- Во несреќата на словачкиот воен авион, кој се урнал во северисточна Унгарија, загинале 35 словачки војници од составот на меѓународните косовски сили КФОР, и осум членови на екипажот.

2007.- Умрел Дени Доерти, член на популарната фолк-рок група од 60-ите години „Mamas edn Papas“, позната по хитовите како што се „Kalifornija drimin“ и „Mandej, mandej“. 

###

 

Back to top button
Close