МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

16:00/25 јануари 2019

16:00/25 јануари 2019

– Северна Македонија, која се роди денес, ќе биде земја пријател, напиша премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на неговиот официјален твитер-профил, кусо по соопштувањето на резултатите и зеленото светло од грчкиот Парламент за Договорот од Преспа. Тој додаде дека денес е историски ден, денес „се пишува нова страница за Балканот“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Јункер, Могерини и Хан во заедничко соопштение го поздравија усвојувањето на Преспанскиот Договор во Грција.

– Професорите Коста Митрески од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Живко Давчев од Факултетот за земјоделски науки и храна изготвиле проект за прочистување на воздухот со турбо смог-атомизер, преку примена на аeросолна метода.

Кинотеката на Македонија за програмата во фервуари најави филмски наслови од различни кинематографии и од различни жанрови, како и омажи на домашни автори и актери кои ја задолжија македонската кинематографија.

– Просечната нето-плата за ноември минатата година во Србија изнесувала 50.556 динари или според денешниот курс на Народната банка на Србија – 426,7 евра.

– Во рамки на акцијата „силата на законот“, во градот Лежа, албанските власти блокираа банкарски сметки вредни 5,2 милиони евра и седум апартмани, под сомнение дека се стекнати од криминални активности.

Русија денеска понуди да посредува меѓу владата и опозицијата во Венецуела ако е тоа потребно. Москва нагласува дека се подготвени да соработуваат со сите политички сили што дејствуваат одговорно.

– Роџер Стоун политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп е приведени денеска во Флорида од ФБИ поради седум обвиненија, меѓу кои за  закани над сведок и лажни изјави.

– Првиот голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа не е во групата на „црвените ѓаволи“ за денешното гостување кај Арсенал во шеснаесетфиналето од ФА Купот на Англија.

 

Back to top button
Close