МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

14:30/18 јануари 2019

14:30/18 јануари 2019

Собраниската комисија за прашања на избори и именувањата на денешната седница донесе одлука за поништување на огласот за именување членови на Државната комисија за спречување на корупцијата објавен на 18 октомври 2018 година согласно стариот закон.

– Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 19 часот ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во Македонија.

– Професорот Јове Кекеновски денеска до Уставниот суд на Република Македонија поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците, бидејќи смета дека Собранието го донело без потребниот број гласови.

– Околу 104 активности ќе се реализираат во транспортната мрежа во Македонија до 2030 година. За реализација на овие проекти е предвидено да се потрошат околу 4,2 милијарди евра од кои најголем дел ќе се обезбедат преку кредити и ИПА-средства.

– Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели, денеска изјави дека САД не побарале од Косово да ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија, туку се заложиле да се даде шанса на дијалогот меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Рускиот истражен комитет денеска демантира дека терористички напад е причина за експлозијата која урна станбен блок во Магнитогорско, при што загинаа 39 луѓе.

– Новинарот на тајна задача Ахмед Хусеин Суале, кој истражувал корупција во фудбалот, убиен е во средата во предградие на главниот град на Гана, Акра.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска го совлада Алекс де Минар од Австраилја и се пласира во третото коло на Австралија опен.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close