МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

09:30/8 јануари 2019

09:30/8 јануари 2019

– Укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар, информира ЈП Македонија пат.

– Минус 21 степен се измерени изутринава во Берово, минус 20 во Битола, минус 18 во Маврово, а минус 17 во Струмица. Под нулата е насекаде во Македонија. Според прогнозата на УММР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов.

– Продолжуваат разговорите со претставниците од опозициската БЕСА од албанскиот блок за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. На денешниот состанок на работната група составена од претставник од кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон и претставници од раководството и пратениците од Беса треба да бидат разгледани детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции.

– Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди дека повлекувањето на САД од Сирија мора да биде внимателно испланирано и со вистински партнери, истакнувајќи дека Турција е единствената држава, која има моќ и е подготвена да ја „изврши таа задача”.

– Во лавините на Алпите загинаа 10 лица, а меѓу загинатите во Австрија се и тројца Германци. Австриските медиуми синоќа јавија дека се пронајдени телата на момче и девојка, по кои се трагаше од неделата. Тие се нашле на патот на лавината, која ги фрлила во амбис, затрупувајќи ги со два метри снег.

Илјадници граѓани на Калифорнија останаа без електрична енергија по бурата која го зафати северниот дел на земјата. Службите се обидуваат да ги поправат дефектите и да го расчистат теренот, откако електрични столбови беа урнати од силниот ветар и предизвикаа привремена блокада на патиштата.

Back to top button
Close