МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14:30/21 јануари 2019

14:30/21 јануари 2019

Куманово –  Во Центарот за јавно здравје во Куманово минатата недела се регистрирани 39 заболени од грип, информираа денеска надлежните од таа јавна здравствена установа.

Кавадарци – Еколошкото друштво „Екоживот” од Кавадарци изврши прихрана на животинскиот свет на неколку локации. Нивни активисти беа на терен во атарот на селата Дреново и Драдња и кај Тиквешко Езеро.

Скопје – Град Скопје предвидува измена и дополнување на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп недвижен имот во сопственост на Град Скопје, со што ќе се овозможи бесплатно користење на спортските сали на установите во сопственост на Градот, за лицата со посебни потреби кои учествуваат во спортски активности организирани од сојузи, здруженија на граѓани, организации или друг облик на здружувања.

Виница – Вкупно 62 интервенции за гаснење пожари имала Територијалната противпожарна единица од Виница во текот на 2018 година, што е за една третина помалку во споредба со претходниот едногодишен период.

Берово – Општина Берово ќе врши субвенционирање на 50 проценти од трошоците за стерилизација на педесет кучиња на територијата на општината во текот на 2019 година. Како што информираат од општината, субвенцијата се однесува на трошоците што лицето кое е сопственик на женка-куче ги има направено за стерилизација.

Скопје – Интервентние мерки против загадувањето на воздухот генерално се почитуваат на целата територија на Општина Аеродром, покажува вонредниот надзор градилиштата, автосервисите и отпадите извршен денеска од Инспекциската служба на Општина Аеродром.

Ростуше – Општина Маврово и Ростуше во текот на минатата година додели  51 ваучер, односно еднократен паричен надоместок за новородени деца.

Штип – Лежечки полицајци ќе се постават и пред основните училишта „Тошо Арсов“ и „Гоце Делчев“, пред објектите на детските градинки, но нивното поставување ќе биде кога ќе овозможат временските услови, вели градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Причината зошто во моментов  е стопирано нивното поставување  е поради тоа што веќе има оштетено лежечки полицајци при чистењето на снегот од коловозите, еден од нив е и кај зградата на ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Скопје – Град Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за набавка на печки на пелети. Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Back to top button
Close