Најава на настани

МИА Најави-Македонија (ДПЛ)

29 јануaри 2019

29 јануaри 2019

Брисел – Делегација на Собранието на Република Македонија ќе учествува на интерпарламентарната конференција на тема: „Комуникација со граѓаните, како да се развие сеопфатна комуникациска стратегија од Парламентот“, организирана од Групата за поддршка на демократијата и координација на изборите во соработка со Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Скопје – Собранието ќе ја одржи 81. седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (сала „Борис Трајковски“/10:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 10/10:30)

Скопје – Седница на собраниска Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/10:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (сала 4/11:00)

Скопје – Седница на Законодавно-правна комисија. (сала 4/12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 10/14:00)

Скопје – Владата ќе ја одржа редовната 117. седница. (12:00)

Скопје – Средба на делегација предводена од премиерот Зоран Заев со директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија Кристијан Даниелсон. (Свечена сала на Влада на Р.М./9:30; пристигнува на сниматели и фоторепортери за инсерти до 9:00, изјави за јавност не се предвидени)

Скопје – Прес-конференција на директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија Кристијан Даниелсон. (ЕУ Инфо Центар/12:45)

Скопје – Прес – конференција на вицепремиерите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. (Влада на РМ, Медија центар/14:00)

Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања  Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Александар Младеновски ќе извршат увид на градежните работи на компанијата Дура Аутомотив, во ТИРЗ Бунарџик 2. (инсерти 11:30; увид и изјави 12:00)

Скопје – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе одржи работна средба со директорите на приватните пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво и САВА Пензиско друштво и со директорите на Фондот на ПИОМ и на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). (Министерство за труд и социјална политика, IV кат сала за состаноци/11:00, изјава за медиуми во 11:30)

Охрид – Адвокатската комора на РМ организира настан „Проблемите во примена на Законот за кривичната постапка од аспект на одбраната“. (х. „Нова Ривиера“/10:00)

Скопје – Завршна конференција на Проектот „Развој и реинженеринг на деловните процеси на новиот интегриран даночен ИТ систем”, во организација на Управата за јавни приходи. (ЕУ Инфо центар/10:00)

Скопје – Означување на почеток на градба на полигон за тренинг на електро-монтери и електро-техничари во СЕТУ „Михајло Пупин“. (СЕТУ „Михајло Пупин“/11:30)

Скопје – Прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија на која ќе се обрати Данела Арсовска, претседател на ССКМ.(ССКМ/13:00)

_______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close