Најава на настани

МИА Најави – Македонија (ДПЛ)

21 јануари 2019

21 јануари 2019

Скопје – Шефот на Бирото на националната гарда на САД, генерал Џозеф Ленгиел во посета на Македонија каде ќе се сретне со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и генерал-мајор Васко Ѓурчиновски. (08:30/ изјави за медиуми/09:00)

Скопје – Министерот за одбрана на Словенија, Карл Ерјавец во официјална посета на Министерството за одбрана на Македонија:

– церемонија на пречек. (09:55)

– средба на двете делегации. (10:15)

– изјави на министерите Радмила Шекеринска и Карл Ерјавец. (10:45) 

– министрите Шекеринска и Ерјавец ќе присуствуваат на панел дискусијата што ја организира собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (14:30-15:02)

– средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери (Сала на Влада/15:15-15:35) 

Скопје – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи ќе се сретне со новоназначената генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка Мијлинда Брегу. (Секретаријат за европски прашања/15:00, прес-конференција пред почетокот на средбата)

Скопје – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и преставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс е посетат еден од малите групни домови во Скопје каде што од неодамна живеат дел од децата од Домот без родители „11 Октомври”. (ул. „Питу Гули” бр.52-1 Скопје/13:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала 6/13:00) 

Скопје – Прес-конференција на Стопанската комора на Македонија во врска со објавените мерки на Европската комисија за ограничување на увозот на челични производи во Европската унија за наредните три години. (сала 1, петти кат/11:00)

Скопје – Универзитетот Американ Колеџ од Скопје ќе ја промовира книгата „Светската трговска органзиација и Република Македонија“ од проф. д-р Марко Андонов и м-р Љубомир Раденков. (Универзитет Американ Колеџ/13:30)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на камионски транспортери на Македонија и Независниот синдикат на градежни работници, инжинери и трговци. (пред Министерство за труд и социјална политика/13:00)

____________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Back to top button
Close