МИА ФлешПакети

МИА Флеш

16:00/25 јануари 2019

16:00/25 јануари 2019

Атина – Северна Македонија, која се роди денес, ќе биде земја пријател, напиша премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на неговиот официјален Твитер профил, кусо по соопштувањето на резултатите и зеленото светло од грчкиот Парламент за Договорот од Преспа. Тој додаде дека денес е историски ден, денес „се пишува нова страница за Балканот“, јави дописничката на МИА од Атина.

Брисел – Партијата на европските социјалисти ја поздрави ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. ПЕС ги поздравува напорите на двете влади и на двата парламента за надминување на повеќе деценискиот спор меѓу двете земји.

Брисел – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Твитер исто така го поздрави усвојувањето на Преспанскиот договор во Грција.

-Важен придонес за стабилноста и просперитетот на целиот регион. Со нетрпение ја челам идната Северна Македонија да стане членка на НАТО, пишува Столтенберг.

Брисел – Европските социјалдемократи се првата европска политичка партија што се огласи по ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција. Шефот на социјалдемократите во Европскиот парламент, Удо Булман, ѝ посака „добредојде на Северна Македонија“.

Брисел – Министерот за надворешни работи на Белгија, Дидие Рејндерс, на Твитер им честиташе на народите „од Грција и Северна Македонија“ за Договорот од Преспа.
– Ова е историски ден за Северна Македонија, Грција и Европа. Честитки до народите на Грција и Северна Македонија. Договорот за името отвора пат за поблиска координација со НАТО и ЕУ, пишува Рејндерс.

 

Брисел – Јункер, Могерини и Хан во заедничко соопштение го поздравија усвојувањето на Преспанскиот Договор во Грција. Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан “топло го поздравија“ новиот чекор во усвојувањето на Преспанскиот Договор, со кој земјата станува Северна Македонија.

Белград – Просечната нето-плата за ноември минатата година во Србија изнесувала 50.556 динари или според денешниот курс на Народната банка на Србија – 426,7 евра.

Тирана – Во рамки на акцијата „Силата на законот“, во градот Лежа, албанските власти блокираа банкарски сметки вредни 5,2 милиони евра и седум апартмани, под сомнение дека се стекнати од криминални активности.

Moсква – Русија денеска понуди да посредува меѓу владата и опозицијата во Венецуела ако е тоа потребно. Москва нагласува дека се подготвени да соработуваат со сите политички сили што дејствуваат одговорно.

Вашингтон – Роџер Стоун, политички советник на американскиот претседател Доналд Трамп, е приведен денеска во Флорида од ФБИ поради седум обвиненија, меѓу кои за  закани над сведок и лажни изјави.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close