МИА Флеш

МИА ФЛЕШ

13:00/10 јануари 2019

13:00/10 јануари 2019

Скопје – Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште се во разговори со БЕСА на Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.

-Беса е принципиелно поставена за ова прашање, како што се и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и се „први кои се за заштита на македонскиот идентитет“. Суштината на Беса е преку формулацијата на македонско /граѓанин на РСМ да не се остави впечаток дека Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите и сите други во државата ќе бидат македонски. Тоа е суштината. Се изнаоѓаат техничките аспекти за решавање. Секако државјанството е македонско и така и ќе остане. За тоа нема дилема. Беса не бара да се смени идентитетот или слично. Будното око на осумте пратеници токму тоа го прави како и ние и останатите пратеници. Работиме да се изнајде решение за техничките формулации како државјанството за сите да биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија, а сепак, Албанците и другите етнички заедници да не бидат Македонци, рече Заев на прес-конференцијата по промоцијата на овластен економски оператор.

Скопје – Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја вчерашната изјава на Христијан Мицкоски и ставот кон Договорот кажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од една страна пред меѓународните претставници им кажува дека е конструктивен и дека е за ЕУ и НАТО, но од она што вчера го кажа кога не повика на протест, туку на отпор, сос што ја покажа патеката по која неговите поддржувачи треба да одат, е да се приклучат на протестите.

-Дали тоа значи дека ќе прават нов 27 април. Тоа сигурни нема да го дозволиме. Што и да прават тие нанесуваат само штета на Македонија. Кога човек нема став тоа е штетно и за најмала политичка партија, а за големите партии е катастрофално. Тој влегува од еден проблем во друг, но најлошото е што тие проблеми стануваат проблеми на државата. Непријатно е чувството од тоа што тој го продуцира – пратеници да поминуваат низ одредена драматургија. Секоја закана и ширење на омраза, секоја недозволена активност на кој било граѓанин очекувам МВР да ја санкционира согласно закон. Луѓето кои веруваат во Договорот и иднината на Македонијуа минуваат низ пекол и тоа е продуцирано од г-н. Мицкоски и неговата партија. Не само што не и помага на Македонија, туку прави несогледливи последици и остава трага во нашето општетство, рече Заев на прес – конференцијата по промоцијата на сертификатот за првиот овластен економски оператор.

Берлин – Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, кој e кандидат за претседател на Европската комисија на претстојните избори во ЕУ, изјави дека е неопходно решение за спорот за името меѓу Атина и Скопје и отворање на европерспективата на Македонија.

– На сите им е јасно дека прашањето за името мора да биде решено и на Македонија да и се овозможи позитивна економска и европска иднина, вели во изјава за Еурактив, Вебер, кој беше критикуван дека не се изјаснува за Договорот од Преспа и за негативниот став на грчката опозициска партија и членка на ЕПП, Нова демоктратија.

Прилеп – На превојот Плетвар сообраќајот се одвива непречено за сите видови возила, информираат од подружницата на „Македонија пат“ во Прилеп. Коловозот е исчистен, има малку кашест снег, но не предизвикува застој во сообраќајот. Имено, на Плетвар снежната покривка е околу 30 сантиметри.

Проодни се и исчистени сите регионални патни правци во прилепскиот регион. Останува, во текот на утрешниот ден, да се исчисти патот за Мариово кој се смета од трета категорија, објаснуваат од подружницата на „Македонија пат“ во Прилеп, нагласувајќи дека располагаат со доволно количества сол и ризла, песок за посипување на патните правци. 

Скопје – „Европа“ ад Скопје е компанијата која доби прво одобрение за овластен економски оператор од Царинската управа согласно стандардите за безбедност и сигурност. Тоа е меѓународно призната марка за квалитет која е показател дека економските операторикако што се производители, извозници, увозници, шпедитери и транспортери, во меѓународниот синџир на снабдувње се безбедни и сигурни и оти нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласни.

Одобрението денеска и беше врачено на генералната директорка на „Европа“ ад Скопје Марика Кираџиоска од страна на премиерот Зоран Заев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасосоки.

Дебар – Обилните врнежи од снег, присутни последните деновиве и на територијата на Албанија, ја блокираа областа Голо Брдо, населена главно со Македонци. Во ова ридско-планиснко подрачје, дебелината на снежната покривка достигнува на одделни места и околу еден метар.

-Целосно сме отсечени од светот. Патиштата што ја поврзуваат областа Голо Брдо, со Булќиза и со Либражд се целосно блокирани. Отсечени се селата Требиште, Клење, Стеблево, Мало Острени, Врница, а и патот кон граничниот премин Требиште – Џепиште што го поврзува Голо Брдо со Македонија е непрооден, изјави за МИА Или Халилај од селото Требиште.

Скопје – Навремено да се обезбедат вода и храна за животните во количества доволни за задоволување на потребите на сите животни на одгледувалиштето во траење од најмалку две недели, им препорачува Агенција за храна и ветеринарство на одгледувачите на животни поради ниските температури и снегот.

Храната треба да е со соодветна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на одгледувалиштето. На животните не треба да им се дава смрзната храна, а препорачливо е да се зголеми вообичаената дневна доза на храна која им се дава на животните, особено кај гравидните животни за да можат да ја одржуваат телеснаta температура.

Битола – Високата медицинска школа од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и граѓанското здружение „Лајфстарт“ од Битола во соработка со граѓанските здруженија „Арсис“ и УНЕСКО клуб Серес од соседна Грција, почнаа да го реализираат проектот „Психосоцијални и здравствени интервенции за добросостојбата на децата од ранливи популации“, насловен  „Заедно за децата – In4Child“.

Учесниците во проектот посочуваат дека неговата цел е да се обезбеди психосоцијална заштита и иновативна едукација за децата од ранливи популации во пограничниот регион.

Скопје – Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари.

Од прес-службата на Град Скопје соопштуваат дека во текот на изминатата вечер поминати се сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“. Фрлени се 355 тони сол, а утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.

Скопје – Од Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла и слично, на сите граѓани на Република Македонија им препорачуваат континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација.

Оттаму информираат да не се тргнува на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема, возилото да има доволно гориво за пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот, да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека.

Скопје  Огласените нови вработувања во Царинската управа на Македонија се поради зголемен обем на работа. Тоа е нормален процес кој треба да ги зајакне капацитетите во работењето согласно со новите надлежности и претстојните преговори со Европската унија, оценија денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски и премиерот Зоран Заев.

– Вработувањата призлегоа уште минатата година, кога исто така имавме оглас за вработување на неопределено време. Поради зголемен обем на работа и редица претстојни активности кои претстојат пред Царинската управа се покажа потреба за зголемување на капацитетите на управата. наназад од 2015 година  не е извршено никакво вработување во Царинската управа  што само по себе побарува таа да има соодветни капацитети за новите надлежности во работењето, а ни претстојат и преговори со Европската унија, изјави Танасосоки, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на одобрението на првиот овластен економски оператор во Македонија.

Анкара – Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу  денеска изјави дека воената операција против курдските Сили за заштита на народот (ЈПГ), која ја најави Турција во северниот дел на Сирија, не зависи од повлекувањето на американските сили од тој регион.

Чавушоглу во интервју за турската телевизија НТВ порача дека не е реално да се очекува дека САД целосно ќе го соберат оружјето, кое им го дале на сојузниците од ЈПГ.

Брисел – Ливиу Драгнеа, претседателот на романската владејачка социјалдемократска партија ја тужи Европска комисија поради истрага за корупција против него.

Драгнеа беше осуден на три и пол години затвор во Романија во 2018 година откако Европската канцеларија за борба против корупција (ОЛАФ), го обвини за злоупотреба на европски фондови. Романското обвинителство и ОЛАФ сметаат дека Драгнеа злоупотребил 21 милион евра преку фирмата за изградба на патишта „Тел Друм“.

Берлин – Вработените на три аеродроми во Германија – Диселдорф, Келн-Бон и Штудгарт денеска стапија во штрајк, барајќи зголемување на плата.

Штарјкот доведе до нарушување на воздушниот сообраќај во Германија. Штрајот погоди 100.000 патници, а влијае и на другите аеродроми, како во Берлин, каде се откажани 90 летови.

Брисел – Романија, Финска и Хрватска, следните три земји претседавачи со Европска унија најавија дека проширувањето ќе биде еден од нивните приоритети, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од лисабонската реформа, земјите претседавачи на ЕУ подготвуваат заеднички програми во тројки, наречени „трио“, во период од 18 месеци. Следните три се Романија, Финска и Хрватска.

Каиро – Државниот секретар на САД, Мајк Помпео пристигна денеска во Каиро на разговори со египетските лидери додека ја продолжува турнејата по земјите од Блиски Исток, која има за цел да ги убеди американските арапски партнери дека администрацијата на Трамп не се откажува од тој регион.

Во ек на конфузијата во врска со плановите на администрацијата за повлекување на американските сили од Сирија, Помпео ќе се сретне со египетскиот претседател и министерот за надворешни работи за да разговараат за безбедносна и економска соработка.

Сана – Најмалку шест војници загинаа и 12 се повредени во напад со беспилотно летало врз воена парада во јужен Јемен, соопштија болнички извори.

Меѓу жртвите има офицери и локални функционери.

Цел на нападот, кој го извршиле бунтовниците, била базата Ал-Анад која е најголема во Јемен, и која претходно ја користеле припадници на американските специјални единици кои се бореле против џихадисти на Ал Каида во Јемен.

Каракас – Претседателот на Венецуела Николас Мадуро почнува денеска втор мандат и покрај меѓународните критики дека неговиот повторен избор е незаконски. Со тоа дополнителчно се изолира таа јужноамериканска држава во која економската криза се претвора во хуманитарна катастрофа.

Лидери на владејачката Социјалистичка партија отфрлаат критики кон Мадуро и неговиот избор што ќе трае до 2025 година, повикувајќи на собири за поддршка и преку социјални мрежи.

Приштина – Небојша Јаковљевиќ, советник во Министерството за труд и социјала во Владата на Косово е запрен од српската полиција на граничниот премин Мердаре, меѓу Косово и Србија, недела дена откако истото се случи и со заменикот министер за култура Бобан Станковиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како и во претходниот случај, и овој пат веста ја објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, нагласувајќи дека со овој чин српските власти продолжуваат со притисокот врз граѓаните на Косово од српска националност.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close