БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Медиу му врти грб на Баша,бара опозицијата да се врати во Парламентот

Историскиот сојузник на албанските опозицски демократи,Републиканската партија, не ја поддржува опцијата за продолжување со бојкот на работата на Парламентот.

Тирана 13 јануари 2019 (МИА) – Историскиот сојузник на албанските опозицски демократи,Републиканската партија,  не ја поддржува опцијата за продолжување со бојкот на работата на Парламентот.

Ставот против бојкот, лидерот на Републиканците, Фатмир Медиу, се очекува да го изнесе на средбата што треба да се одржи набрзо  а на која обединетата албанска опозиција, треба да се донесе конечен став.

-Сметам дека каузата на опозицијата не е ветингот во политиката, туку градење функционална и демократска држава, а неспорната улога на опозицијата е онаму каде што е местото на граѓаните,значи Парламентот. Доколку  го напуштиме Парламентот и граѓаните ќе го напуштат Парламентот,-изјави Медиу.

Во пресрет на  локланите избори,закажани за 30 јуни, Републиканците сметаат дека е непходно е враќање на парламентарната нормалност во реализацијата на изборните реформи.

-Како што вели и ОБСЕ, најголем проблем е масовното купување гласови. Како ќе го решиме ова прашање? Начин да се реши ова прашање е тоа да се реши во Парламентот. Актуелниот систем на отворени листи, според мое мислење, ќе ја зголеми демократијата. Не мислам дека електронското гласање е крајно решение за Изборниот законик. Постојат голем број прашања за кои опозицијата треба да седне за да разговара,-смета Медиу.

Фатмир Медиу е прв меѓу сојузниците кој побара од Љуљзим Баша лидер на Демократската партија,која ја предводи обединетата опозиција, да го прекинат бојкот. вт/

Back to top button
Close