Фудбал

Мартинез го посоветува Азар да не оди во Реал Мадрид

Сигурен сум дека тој може да се развие уште повеќе во Челзи, изјави селекторот на „црвените ѓаволи“.

Лондон, 2 јануари 2018 (МИА) – Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез ја советуваше индиректно ѕвездата на својот тим, Еден Азар да не преминува во Реал Мадрид, туку да остане во Челзи, каде што е силно сакан од фановите.

– Не знам дали новиот предизвик ќе му биде од корист. Тој знае колку го сакаат во Челзи. Помеѓу него и Сари има хемија. Еден доживува задоволство од тоа да игра во Челзи. Тој достигна исклучително ниво во овој клуб. Не е јасно дали новиот предизвик ќе му биде корисен. Сигурен сум дека тој може да се развие уште повеќе во Челзи, изјави селекторот на „црвените ѓаволи“.вз

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close