0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Македонија со историски пласман на Европското одбојкарско првенство

„Жолто-црвените“ вечерва со 3-0 (25:21, 25:20, 25:21) ја победија Унгарија и како една од петте најдобри второпласирани селекции во групата, се пласираа на континенталниот собир кој ќе се игра од 12-29 септември оваа година во 4 земји - Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Скопје, 9 јануари 2019 (МИА) – Македонската репрезентација во одбојка вечерва напиша историја, откако за прв пат обезбеди учество на Европско првенство.

„Жолто-црвените“ со 3-0 (25:21, 25:20, 25:21) вечерва ја победија Унгарија и како една од петте најдобри второпласирани селекции во групата се пласираа на континенталниот собир, кој ќе се игра од 13-29 септември оваа година во 4 земји – Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Македонија – Унгарија (ФОТО: МИА)

Нашите одбојкари, поттикнати од другите денешни резултати кои ни одеа во прилог, беа исклучително мотивирани и без проблеми ја совладаа селекцијата на Унгарија во СРЦ „Кале“.

Најдобар кај нашиот тим беше Ѓорѓиев со 17 поени, Љафтов заврши со 14 поени, додека Манџуков помогна со пет.

Македонија – Унгарија (ФОТО: МИА)

На ЕП 2019 ќе настапат 24 репрезентации, откако тие ќе бидат поделени во четири групи со по шест тима. Пласман во елиминациската фаза ќе обезбедат првите четири селекции од четирите групи.

Ждребот за групите е закажан за 16 јануари во Брисел, Белгија.вз

Таг
Back to top button
Close