0_Спорт.ПорталФудбал

Лоши вести за Тотенхем: Хари Кејн аут до март

Кејн е еден од најдобрите стрелци во Премиер лигата оваа сезона со 14 гола во 22 натпревари. Тој има 19 гола во 30 натпревари од почетокот на тековната кампања во сите натпреварувања

Лондон, 15 јануари 2019 (МИА) – Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн доби ужасна вест денеска попладне. Тој ќе биде аут од терените до средината на март поради тешка повреда на глуждот, добиена за време на мечот против Манчестер Јунајтед (0:1) на „Вембли“ во текот на викендот.

Отсуството на Кејн е многу сериозен удар за амбициите на „петлите“. Тимот продолжува да се бори за место во Лигата на шампионите следната година, а моментално се трети со 48 поени. На тимот му претстои реванш против Челзи во полуфиналето на Лига Купот на Англија, откако првиот натпревар беше освоен со 1:0 на „Вембли“ токму со погодокот на англискиот репрезентативец од пенал.

Кејн е еден од најдобрите стрелци во Премиер лигата оваа сезона со 14 гола во 22 натпревари. Тој има 19 гола во 30 натпревари од почетокот на тековната кампања во сите натпреварувања.вз

Таг
Back to top button
Close