0_Спорт.ПорталФудбал

Катар готов со два стадиона за Мундијалот во 2022 година

Светското првенство во фудбал во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година во седум града на земјата

Ал-Вакра, 14 јануари 2019 (МИА) – Два од стадионите кои се градат во Катар специјално за светското првенство во фудбал во 2022 година, ќе бидат пуштени во употреба во 2019-та, соопштија за ТАСС од организацискиот комитет на шампионатот.

„Стадионите „Ал-Вакра“ и „Ал-Беит“ кои се градат за СП 2022, се наоѓаат во завршни фази на изградба и ќе бидат пуштени во употреба во 2019 година. Покрај тоа, до крајот на годината се планира завршување на изградбата на стадионите во Доха и Ал Рајан, се вели во соопштението.

Стадионот „Ал-Вакра“ има капацитет од 40.000 места и е направен во стилот на традиционален арапски брод. Дизајнот на објектот е посветен на морнарите во Персискиот Залив. „Ал-Беит“, стадионот во Ал-Хор, има 60.000 места и е во форма на традиционален арапски шатор.

Стадион „Ал-Рајан“ ќе го одразува гостопримството на Катар и е со капацитет од 40 илјади места, а стадионот „Катар Фаундејшн“ ќе комбинира во себе модерната технологија и наука и ќе биде за 45 илјади гледачи.

За СП 2022 ќе бидат изградени или реконструирани осум стадиуми. Во моментов е во функција еден – „Калифа“ во Доха, кој има капацитет од 40 илјади седишта.

Светското првенство во фудбал во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година во седум града на земјата.вз

Таг
Back to top button
Close