0_Спорт.ПорталРакомет

Карабатиќ се приклучува на францускиот национален тим

Ова требаше да биде првото големо натпреварување кое го пропушта за националниот тим, но тој се враќа на време за да помогне на неговата земја. Тој досега учествувал на сите европски и светски шампионати, како и на Олимписките игри од 2003 година, откако е член на националниот тим

Берлин,12 јануари 2019 (МИА) – Најдобриот ракометар на светот се враќа на Светското првенство во францускиот национален тим и покрај повредата. Никола Карабатиќ од 2006 година ги предводеше „триколорите“ до четири светски, три европски, две олимписки злата. Франција едвај го совлада Бразил синоќа со 24:22 во првиот меч на Светското првенство, по што не задоцнија критиките од јавноста и навивачите.

Сепак, набргу потоа дојде веста дека нивниот најдобар играч се враќа во националниот тим и ситуацијата се потсмири. Повредата на левата нога, која ја лекува од средината на октомври минатата година до сега, се чинеше дека го остави Карабатиќ надвор од СП во Германија и Данска.

Ова требаше да биде првото големо натпреварување кое го пропушта за националниот тим, но тој се враќа на време за да помогне на неговата земја. Тој досега учествувал на сите европски и светски шампионати, како и на Олимписките игри од 2003 година, откако е член на националниот тим.вз

Таг
Back to top button
Close