СветСвет.Портал

Иванка Трамп и Ники Хејли меѓу кандидатите од САД за нов шеф на Светска банка, тврди „Фајненшал тајмс“

Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп и поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Нејли се меѓу кандидатите за функцијата претседател на Светска банка, објави Фајненшал тајмс.

Вашингтон,  12 јануари 2109 (МИА) – Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп и поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Нејли се меѓу кандидатите за функцијата претседател на Светска банка, објави Фајненшал тајмс.

Весникот не прецизира извор за информацијата.

На 1 февруари актуелниот претседател на Светска банка си заминува од функцијата, а времен шеф е Кристалина Георгиева. Таа не може да биде претседател на СБ бидејќи по правило претседател на таа банка е од САД.

Банката ќе прекине со разгледување кандидатури во средината на февруари, а изборот на нов претседател ќе биде во средината на април. зш/

Back to top button
Close