ОТС

Инстант лозот БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП  паркираше уште еден автомобил  

Број на објава:604/01/19
Датум: 10.01.2019 
Нарачател:Државна Лотарија на Македонија
Телефон:+38925511991
Клучни зборови:Инстант лоз, Биди ВИП – вози ЏИП

 

Од 01.11.2018 година Државна лотарија на Македонија го пласираше  инстант лозот БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП во соработка со Аutomobile SK, а веќе денес (08.01.2019) го додели и вториот автомобил JEEP COMPASS , кој е една од 10-те главни добивки во овој инстант лоз.

Првиот ЈЕЕР COMPASS беше изгребан во Куманово , а вториот во Кавадарци во продажното место БРАВО НУТС.

Добитникот е Раде Стојаноски од Кавадарци кој денес ги посети просториите на Државна лотарија на Македонија , а дома во кавадарци си замина со својот нов автомобил. Уште од почетокот на приредувањето на оваа игра на среќа, Раде секојдневно купувал по еден или два инстант лозови, и бил упорен во својата намера да вози ваков JEEP COMPASS. Еден ден дури купил и инстант лозови во вредност од 3.000 денари, но и тогаш немал поголема добивка освен 70 денари за замена на лозовите. Кога си ја пробал својата среќа во играта НовоЛото 7/34, успеал да погоди 4 броеви , што му донеле добивка од 170 денари. Наместо да ги подигне, истите ги вложил купувајќи два инстант лоза БИДИ ВИП –ВОЗИ ЏИП. Едниот од нив не бил допитен, но другиот му го донел толку поскуваниот JEEP COMPASS.

Денес во просториите на Државна лотарија на Македонија ја подигна својата добивка и со ЈЕЕР-от COMPASS замина за Кавадарци .

На сите играчи на игрите на среќа им порача да бидат упорни во потрагата по среќата и по својата посакувана добивка. Бидејќи само кој игра, тој добива.

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

 

 

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

 

Таг
Back to top button
Close