Кошарка

Играчи на Мемфис се степале по поразот од Детроит

Поразот е трет по ред за „гризлите“ и вкупно осми во последните нивни 10 средби, откако тимот падна до 10-тото место во Западната конференција со скор од 18 победи и 19 порази.

Мемфис, 3 јануари 2019 (МИА) – Играчите на Мемфис Гризли се степале меѓусебно откако Детроит Пистонс ги победи со 94:101, објавија медиумите во САД.

Поразот е трет по ред за „гризлите“ и вкупно осми во последните нивни 10 средби, откако тимот падна до 10-тото место во Западната конференција со скор од 18 победи и 19 порази.

Лошите резултати доведоа до недоразбирање помеѓу бекот Гарет Темпл и крилото Омри Каспи, кои морале да бидат раздвојувани од нивните соиграчи, вели „Атлантик“.

Засега не е јасно дали ќе има казни за двајцата играчи, но сосема е можно тие да излезат од ротацијата на тренерот Џеј Би Бикерстаф за следните неколку мечеви, а најверојатно ќе бидат казнети и со солидни суми.

Следниот меч на Мемфис е во петок, откако се домаќини на Бруклин Нетс.вз

Таг
Back to top button
Close