Фудбал

Гвардиола: Големите клубови не купуваат играчи за 6 месеци

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја коментираше можноста „граѓаните“ да се зајакнат во зимскиот трансфер прозорец.

Манчестер, 11 јануари 2019 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја коментираше можноста „граѓаните“ да се зајакнат во зимскиот трансфер прозорец.

– Големите клубови не купуваат играчи за 6 месеци. Ако сакаат да привлечат некого, тоа го прават за четири, пет, шест години, изјави Пеп на прес-конференција пред претстојниот натпревар со Вулверхемптон во понеделник.

Во однос на претстојниот ривал, каталонецот смета дека тие се силни на физички план, и играат добро на контранапад.

– Тие знаат како да бидат длабоко собрани и како да го променат темпото. Умеат да контролираат многу области, рече тој.

За првиот стрелец на тимот, Серхио Агуеро, менаџерот на Сити изјави дека тој се разболел по натпреварот со Ливерпул, но сега се чуствува добро.

– Сега е малку подобро. Денес му беше прв тренингот, откри каталонскиот стратег.вз

Таг
Back to top button
Close