Фудбал

Гатузо: Се надевам дека Игуаине ќе остане

Во однос на претстојниот меч со Сампдорија, Гатузо додаде дека тимот „нема да оди на одмор во Џенова“

Милано, 12 јануари 2019 (МИА) – Напаѓачот на Милан, Џенаро Гатузо се надева дека напаѓачот Гонзало Игуаин ќе остане во тимот. Во последниве недели се шпекулира дека Аргентинецот може да го напушти „Сан Сиро“, откако е посакуван од Челзи. Напаѓачот беше вклучен во натпреварот за Купот против Сампдорија.

– Ако Гонзало не тренираше, на начин на кој штосакам, не би го вклучил во тимот. Има многу гласини за него, но тој продолжува да тренира, да работи напорно и да покажува професионализам, како да не се случило ништо. Сè е во рацете на неговиот брат и неговиот агент. Се надевам дека Игуаин ќе остане што е можно подолго, но ќе видиме што ќе се случи. Додека тој е тука и се однесува така, немам проблем, рече популарниот Рино.

Во однос на претстојниот меч со Сампдорија, Гатузо додаде дека тимот „нема да оди на одмор во Џенова“.

– Италијанскиот куп е турнир, за кој сме многу возбудени. Минатата сезона дојдовме до финалето и поразот беше големо разочарување. Точно е дека ќе се сретнеме со тимот на Сампдорија, кој е во одлична форма, но ние исто така ќе можеме да се потпреме на оптимален состав, рече Гатузо.вз

Таг
Back to top button
Close