0_Магазин.ПорталНаука и технологија

„Гартнер“: Секој четврти „дигитален работник“ ќе користи виртуелен асистент во 2021 година

Пенетрацијата на технологијата за вештачка интелигенција на работното место прво започна во контакт центрите. Се диференцираа различни видови на виртуелни асистенти - заедно со личните (ВПА), се појавија клиентски (ВЦА) и виртуелни помагачи за работници (ВЕА)

Стемфорд, 11 јануари 2019 (МИА) – Секој четврти „дигитален“ работник ќе ги користи т.н. „виртуелни асистенти“. Ова ќе се случи во 2021 година, според аналитичарската компанија „Гартнер“.

Пенетрацијата на технологијата за вештачка интелигенција на работното место прво започна во контакт центрите. Се диференцираа различни видови на виртуелни асистенти – заедно со личните (ВПА), се појавија клиентски (ВЦА) и виртуелни помагачи за работници (ВЕА).

Прогнозата на „Гартнер“ покажува дека во 2021 година, 25 отсто од „дигиталните работници“ секојдневно ќе се обратат за помош до виртуелните помошници за вработени. За споредба, годинава пенетрацијата на ВЕИ на работното место нема да надмине 2 отсто.

Пример за виртуелен асистент од типот ВЕА е услугата „Амазон Алекса Бизнис“, која им помага на вработените да делегираат на софтверот задачи од типот на планирање на состаноци и логистички операции.

Друга слична услуга, „Нокиа МИКА“, помага на инженерите да наоѓаат верни одговори при извршување на сложени задачи или дијагностицирање на проблеми.

„Гартнер“ претпоставува дека користењето на виртуелни помошници ќе ја зголеми продуктивноста на вработените и ќе придонесе за нивно поконструктивно ангажирање.вз

Таг
Back to top button
Close