Фудбал

Евертон преговара за трансфер на Суарез

Барселона ќе настојува за постојан трансфер, откако би прифатиле понуда од 9-10 милиони фунти

Ливерпул, 5 јануари 2019 (МИА) – Евертон може да привлече четврти играч на Барселона оваа сезона. Медиумите во Англија пренесуваат дека „карамелите“ преговараат со офанзивниот играч од средниот ред, Денис Суарез.

Тимот на Марко Силва го купи централниот дефанзивец Јери Мина и левиот бек Лук Дин во летото 2018 година. Во исто време, на „Гудисон Парк“ пристигна играчот од средниот ред Андре Гомес, но тој е на позајмица до крајот на сезоната.

Сепак, Евертон не е единствениот тим од Премиер Лигата со кој Денис Суарез преговара. На 24-годишниот фудбалер на Барселона му е дозволено да бара нов тим, а неговите други опции се Вест Хем и Ватфорд. Барселона ќе настојува за постојан трансфер, откако би прифатиле понуда од 9-10 милиони фунти. Сите тројца „осомничени“ лесно ќе платат таква сума, па се зависи од изборот на самиот играч.

Денис Суарез е дете на Барселона, но неговиот голем пробив во сениорскиот фудбал го направи во дресот на Виљареал. По неговите силни „блаугранас“ го откупија летото 2016 година. Како младинец, Суарез, исто така, поминал извесно време на Академијата во Манчестер Сити, за кого нема натпревар како дел од првиот тим.вз

Таг
Back to top button
Close