0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Дончиќ со нова неверојатна партија, Далас подобар од Минесота (видео)

На Минесота не им помогнаа ни „дабл-дабл“ учинокот (30 поени и 11 скока) на Карл Ентони Таунс, додека 21 поен реализираше Дерик Роуз

Минесота, 12 јануари 2019 (МИА) – Далас Маверикс го порази тимот на Минесота Тимбервулвс со 119:115 по уште еден неверојатен натпревар на дебитантот Лука Дончиќ.

Деветнаесет годишниот словенец постигна 29 поени (10/23 од игра, 2/9 од тројка) со 12 асистенции, 8 скокови и 2 украдени топки.

Дончиќ постигна 15 поени во првото полувреме, а Мавси поведоа со 62:50. Домашниот тим успеа да се врати во игра, а потоа Словенецот постигна седум од последните девет поени на Далас, вклучувајќи и тројка на 29 секунди пред крајот, со што се реши прашањето за победникот.

– Не ми е гајле дали сум бил блиску до „трипл-дабл“. Мора само да победиме, тоа е единствената важна работа, рече Дончиќ веднаш по мечот.

Харисон Барнс помогна со 23 поени за победата на гостински терен, додека Хозе Хуан Бареа се истакна со 16.

На Минесота не им помогнаа ни „дабл-дабл“ учинокот (30 поени и 11 скока) на Карл Ентони Таунс, додека 21 поен реализираше Дерик Роуз.

Резултати од НБА:

Филаделфија – Атланта 121: 123
Вашингтон – Милвоки 113: 106
Њујорк – Индијана 106: 121
Торонто – Бруклин 122: 105
Хјустон – Кливленд 141: 113
Минесота – Далас 115: 119
Јута – Л.А. Лејкерс 113: 95
Портланд – Шарлот 127: 96
Голден Стејт – Чикаго 146: 109

Пласман по дивизии:

Источна конференција

Атлантик дивизија: Торонто 32 победи / 12 порази, Филаделфија 27/16, Бостон 25/16
Централна дивизија: Милвоки 29/12, Индијана 28/14, Детроит 17/23
Југоисточна дивизија: Мајами 20/20, Шарлот 19/22, Вашингтон 18/25

Западна конференција

Северозападната дивизија: Денвер 28/12, Оклахома 25/16, Портланд 26/17
Пацифик дивизија: Голден Стејт 28/14, Лос Анџелес Клиперс 24/17, Лос Анџелес Лејкерс 23/20
Југозападна дивизија: Хјустон 24/17, Сан Антонио 25/18, Њу Орлеанс 20/22.вз

Таг
Back to top button
Close