Фудбал

Чичарито ќе ги решава проблемите на Валенсија во нападот

Чичарито има искуство во Ла Лига со престојот во Реал Мадрид во сезоната 2014/15, кога постигна седум гола

Валенсија, 1 јануари 2019 (МИА) – Валенсија ќе се обиде да го привлече напаѓачот Хавиер Ернандез од Вест Хем за време на јануарскиот трансфер прозорец, информира „АС“.

Тренерот на Валенсија Марселињо Гарсија Торал го одобрил привлекувањето мексиканскиот напаѓач.

Пред Чичарито да пристигне на „Местаља“, Валенсија ќе мора да се раздели со Миши Батшуаи, кој беше отстапен од Челзи.

Валенсија и Челзи се обидуваат да го решат случајот со белгискиот напаѓач, кој така и не успеа да импресионира со неговите настапи. Марселињо не бил среќен со Баштшуаи и сакал да го отстрани од својот тим.

Во исто време, Чичарито има искуство во Ла Лига со престојот во Реал Мадрид во сезоната 2014/15, кога постигна седум гола.вз

Таг
Back to top button
Close