0_Спорт.ПорталФудбал

Баерн Минхен со прв трофеј за годината

Баварците ги победија во финалето Борусија Менхенгладбах со 4:2 по изведувањето на пенали, откако во полуфиналето го елиминираа домаќинот Фортуна Дизелдорф, исто така по удари од 11-метри.

Дизелдорф, 13 јануари 2019 (МИА) – Германскиот шампион Баерн Минхен го освои првиот трофеј за годината. Избраниците на Нико Ковач триумфираа на мини-турнирот „Телеком куп“, каде што секој натпревар е по 45 минути.

Баварците ги победија во финалето Борусија Менхенгладбах со 4:2 по изведувањето на пенали, откако во полуфиналето го елиминираа домаќинот Фортуна Дизелдорф, исто така по удари од 11-метри.

Редовното време во финалето заврши без погодоци, и двете екипи не можеа да ги искористат шансите во рок од 45 минути. Деби за Баерн направи новото засилување Алфонсо Дејвис.

„Ждребињата“ ги имаа првите добри шанси, но Патрик Херман и Јосип Дрмиќ не успеаја да ги реализираат. Четвртина час по почетокот, голманот на Борусија одби удар со глава на Сандро Вагнер. Напаѓачот на шампионите имаше уште една шанса, но повторно промаши, а како капак, подоцна погреши и од белата точка.

Неуспехот на Сандро не се покажа фатален затоа што Свен Улрих и останатите играчи на Баерн беа одлични.вз

Таг
Back to top button
Close