0_Спорт.ПорталТенис

АО 2019: Ѓоковиќ го надигра Цонга во повторување на финалето од 2008 година

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ постигна нова чиста победа на овогодинешното издание на Австралија Опен, откако го победи Жо-Вилфред Цонга во три сета - 6-3, 7-5, 6-4.

Мелбурн, 17 јануари 2019 (МИА) – Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ постигна нова чиста победа на овогодинешното издание на Австралија Опен, откако го победи Жо-Вилфред Цонга во три сета – 6-3, 7-5, 6-4.

Во реприза на финалето од 2008, кога 31-годишниот тенисер ја освои својата прва Гренд-слем титула, Ѓоковиќ ја почна подобро средбата од својот ривал и направи ран брејк, но дозволи рибрејк. Цонга, кој се врати на теренот неодамна по серијата повреди, повторно изгуби гем на свој сервис и Србинот поведе со 1-0 во сетови.

Во вториот дел при 5-4, Ѓоковиќ сервираше за водство од 2-0, но допушти брејк на нула. Слично на првиот дел Цонга не успеа да го задржи моментумот и моментално гледачите видоа рибрејк, а од втор пат, светскиот рекет број 1 не згреши и се доближи на сет од крајниот успех.

Балансираниот Ѓоковиќ го затвори натпреварот со 6-4 во решавачкиот дел и се квалификуваше за третото коло во Австралија. Таму го чека младиот и талентиран Канаѓанец Денис Шаповалов, кој победи во три сета против Јапонецот Таро Даниел – 6-3, 7-6 (2), 6-3.вз

Таг
Back to top button
Close