0_Македонија.ПорталПолитика

Заев-Чомба: Поддршка од Романија за успешна реализација на Преспанскиот договор и за интеграциите во ЕУ и НАТО

Романија ќе продолжи да ги поддржува позитивните промени во Македонија, како и дека нашата земја може да смета на Република Романија во позитивните евро-атлантски интеграциски процеси. Оваа го истакнал Џорџе Чомба, министер делегиран за европски прашања во романската Влада на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

Скопје, 18 декември 2018 (МИА) – Романија ќе продолжи да ги поддржува позитивните промени во Македонија, како и дека нашата земја може да смета на Република Романија во позитивните евро-атлантски интеграциски процеси. Оваа го истакнал Џорџе Чомба, министер делегиран за европски прашања во романската Влада на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

Чомба ја пренел определеноста на неговата земја, којашто од јуни 2019 година го презема претседателството со Советот на ЕУ, за продолжување на проширувањето на ЕУ, како еден од приоритетите за време на претседавањето.

Поздравен е текот на реализацијата на Договорот од Преспа и е констатирано како важно негово целосно заокружување во последната фаза на гласањето во Парламентот. На средбата е посочено дека за една држава е важно што ќе направи, но и што ќе ѝ даде на Европската Унија, а дека Македонија, со начинот на решавањето на билатералниот спор со јужниот сосед, даде вредност на Европа.

Притоа, тој ги охрабри и реформските чекори во земјава и изрази надеж за позититивен исход од состанокот на Советот на ЕУ во јуни 2019 година.

Премиерот Заев се заблагодарил за искреното пријателство од Романија, премиерот и Владата, кон Македонија и повика Република Романија да го задржи фокусот кон интегрирањето на земјата и на Западниот Балкан кон ЕУ, бидејки тоа ќе значи стабилност и безбедност за граѓаните, но и позитивна промена во квалитетот на живот.

-Се гордееме со Договорот од Преспа, што денес го поддржуваат и големо мнозинство од граѓаните на Македонија, бидејки е модел на решение на билатерално прашање, употреблив и за регионот, ЕУ и светот. Очекуваме околу средината на јануари да биде изгласан во Парламентот со поголем број пратеници и од потребното двотретинско мнозинство. Инклузивно ги носиме и реформските закони, така што очекуваме со двотретинско мнозинство да помине во Собранието и пакетот закони за судството, што треба да овозможат целосно владеење на правото и транспарентно судство. За нас е важно интегрирањето во НАТО, бидејки тоа носи стабилност и економски развој на државата и се надеваме дека ќе бидеме следната 30. земја членка на Алијансата. Исто така очекуваме и почеток на преговорите со ЕУ, бидејки на Европа и носиме вредности, а не проблеми, истакнал премиерот Заев.

На средбата била нагласена важноста на помирувањето меѓу младите генерации на Балканот и се разговарало и за важноста на продолжувањето на соработката на Македонија со ЕУ, во делот на мигрантската криза, како и за значењето на развојот на Западен Балкан во стабилен, безбеден и просперитетен регион, интегриран во ЕУ и НАТО. фф/аа/

Back to top button
Close