Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Катовице почна 24. Конференција на ОН за климатските промени

Во полскиот град Катовице денеска почна 24. годишна  Конференција на Обединети нации за климатските промени (ЦОП24).

Катовице, 2 декември 2018 (МИА) – Во полскиот град Катовице денеска почна 24. годишна  Конференција на Обединети нации за климатските промени (ЦОП24).

На конференцијата ќе учествуваат лидери на повеќе од 200 држави.

Конференцијата е значајна поради тоа што 19 од 20 земји на Самитот на Г-20 изразија поддршка за Парискиот договор за климата од 2015 година.

Поради Конференцијата за денеска се предвидени и демонстрации на активистите кои се залагаат за престанок на користењето на јаглен во Полска.

Во моментот Полска користи јаглен за околу 80 отсто за своите енергетски потреби. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close