ОТС

Во Делчево изгребан Дијамант вреден 300.000 денари

Пиењето утринско кафе е повозбудливо ако го засладите со гребење инстант лозови

Број на објава:602/12/18
Датум: 26.12.2018
Нарачател:Државна Лотарија на Македонија
Телефон:+38925511991
Клучни зборови:Ново Лото 7/34 

 

Скопје, 26.12.2018. Денес на благајната на Државна лотарија на Македонија исплатена е добивка од 300.000 денари – една од седумте премии на инстант лозот Дијамант.

Секоја добивка има и своја среќна приказна, која во случајов ни ја раскажа Миле Георгиевски од Делчево. Во саботата откако ја земал сопругата од работа, седнале да се почестат во најпознатата слаткарница во Делчево, по што поминале покрај продажното место ВЕРА НБ, што се наоѓа во непосредна близина на слаткарницата, од каде купиле четири инстант лозови Дијамант. Во неделата, редовниот ритуал за почеток на неделите – пиењето утринско кафе, го збогатиле со гребење на лозовите,  од кои по еден наименувале за секого од семејството, меѓу кои и за нивната ќерка која се наоѓа во Америка. На еден од лозовите немало добивка, два носеле по 50 денари, а токму лозот на Миле Георгиевски им донел 300.000 денари. Радоста од добивката ја споделиле со нивната ќерка и се договориле дека средствата ќе ги искористат при нејзиното скоро доаѓање за убава заедничка прошетка.  Среќниот добитник ни довери дека до сега повремено купувал лозови, на минување, но дека од сега ќе биде редовен во потрагата по нови добивки, бидејќи и самиот се уверил дека кој игра, тој добива.

Инстант лозот Дијамант нуди интересна игра и забава во потрага по добивки од 50 до 300.000 денари. Добивките се дознаваат со откривање на симболи од кои кога ќе се открие прстен се добива сумата запишана во полето покрај него, а кога ќе се открие дијамант, сумата напишана покрај дијамантот се удвојува.

Инстант лозот Дијамант е еден од омилените лозови на играчите, а воедно и на сите кои избираат да подарат пакет СРЕЌА ПЛУС за свадба или друга прослава.

Празниците се во ек, ова е време за дарување, па ви предлагаме да подарите можност за добивка и во вашите празнични подароци да додадете инстант лозови со можности за вредни парични добивки или атрактивен Џип Компас.

 

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Таг
Back to top button
Close