ЕвропаЕвропа.Портал

Во Барселона протест за заштита на животните

Активисти за правата на животните денеска во Барселона протестираа против користење крзно и кожа од животни.

Барселона, 16 декември 2018 (МИА) – Активисти за правата на животните денеска во Барселона протестираа против користење крзно и кожа од животни.

Неколку десетици активисти, соблечени голи и покриени со лажна крв, легнаа на прометниот Каталонски плоштад, а покрај нив стоеше транспарент со натпис „Колку животи за само еден капут?“

Протестот го организираше шпанскиот огранок на групата за заштита на правата на животните „Анима Натуралис“. паг/

 

Таг
Back to top button
Close